Германскиот фудбалски бундеслигаш Унион Берлин го откачи тренерот Урс Фишер кој изминатата сезона со тимот за првпат избори учество во Лигата на шампионите. Дека на стара слава не се живее потврди раководството на Унион Берлин откако во новата сезона имаат разочарувачки резултати. Тимот досега забележа само две победи и се наоѓа на последното место во Бундеслигата, а се чини дека последната „капка“ беше убедливиот пораз од Баер Леверкузен со 4:0.
Навивачите побараа промени, а управата мораше бргу да реагира и се разделува со тренерот кој ги достигна најголемите успеси во историјата на клубот. Од Унион се заблагодарија на швајцарскиот стратег, кој пет години беше предводник од клупата и му посакаа многу успех во понатамошната кариера.