Search

Јокиќ пресилен за Клиперси, Индијана ја запре Филаделфија, тепачка во Сан Франциско

Неколку интересни натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Денвер победи, Далас доживеа пораз, Индијана ја запре победничката серија на Филаделфија, а Минесота славеше седми пат во низа, откако имаше и „фрка“ на паркетот меѓу Томпсон и Мекданиелс, односно Грин и Гобер.

Денвер салвеа над ЛА Клиперс со 111:108. Нагетс ја забележаа деветтата победа во 11. натпревар сезонава, додека Клиперси го запишаа петтиот пораз по ред откако Џејмс Харден му се приклучи на овој тим.

Повторно блескаше Никола Јокиќ со 32 поени, 16 скока и девет асистенции. Пол Џорџ се истакна кај Клиперси со 35 поени, Харден уфрли 21, Каваи Ленард 15.

Далас запиша тежок пораз од Њу Орлеанс Пеликанс 101:131. Мечот го обележа лошата игра на Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг. Дончиќ постигна 16, а Ирвинг поен повеќе, но заедно погодија само 11 од 29 шута.

Минесота е во победничка серија. Повторно славеа во дуелот со Голден стејт Вориорс 104:101. Работата им беше олеснета бидејќи мечот го пропушти Стеф Кари.

Овојпат Карл-Ентони Таунс ја предводеше глутницата на „волците“ со 33 поени, Ентони Едвардс кој пред неколку дена го уништи Голден Стејт додаде 20 поени. Инаку, мечот го одбележа тежок инцидент, прво се вклучија Клеј Томпсон и Мекданиелс, па почна тепачка, Дрејмонд Грин за гуша го фати Гобер, на крајот сите беа исклучени.

Индијана стави крај на победничјата серија во која беа кошаркарите на Филаделфија. Пејсерси победија со 132:126. Тајрис Халибартон постигна 33 поени, имаше 15 асистенции, засилувањето од Никс, Оби Топин додаде 27 поени. На домашните не им помогнаа ниту 39 поени на Ембиид.

Треба да знаете
Последни објави