Search

Се радикализира протестот на земјоделците во Војводина

Земјоделците во Србија, кои трет ден ја блокираат рафинеријата НИС во Нови Сад, денеска најавија радикализација на протестот.

Во текот на денешниот ден во четири наврати, во 11, 12, 13 и 15 часот, ќе го блокираат кружниот тек на патот Нови Сад – Зрењанин, што се наоѓа на влезот во Нови Сад, во непосредна близина на рафинеријата, јави Бета.

Истиот кружен тек вчера беше блокиран 45 минути, што предизвика двочасовен колапс во сообраќајот.

Земјоделците најавија дека денеска почнува синхронизацијата на протестите ширум Војводина, како и дека нема да се откажат од нивните барања. 

Треба да знаете
Последни објави