Search

Почина актерот Жарко Лаушевиќ

По кратко и тешко боледување, денеска 15 ноември на 63годишна возраст почина српскиот актер Жарко Лаушевиќ.

Лаушевиќ одигра многу улоги во филмови и театарски претстави во СФРЈ и СРЈ и бил носител на многу престижни награди.

Во 1993 година откако со својот брат е нападнат, во самоодбрана убива двајца од напаѓачите, по што е осуден на 13 години затвор. Подоцна оваа пресуда е укината по што тој е осуден за полесно дело и во 1998 година излегува на слобода.

Исплашен од крвна одмазда, Лаушевиќ се сели во САД каде ќе остане се до 2014 кога се враќа во Белград.

Во последните години играше важни улоги во доста ТВ серии меѓу кои и во „Калкански кругови“ и „Државен службеник“

Автор е на автобиографската книга „Годината минува – денот никогаш“ (Godina prodje – Dan nikad) по чии мотиви е снимена серијата „Пад“

Треба да знаете
Последни објави