Пандев нема да оди во Рим, на ТВ ќе го гледа новиот дуел меѓу Италија и Македонија

Најдобриот македонски фудбалер кој од неодамна е во „пензија“ откако речиоси целата своја интернационална кариера ја мина во Италија, Горан Пандев останува интересен за медиумите во пресрет на новата квалификациска пресметка меѓу „азурите“ и Македонија. Како играч кој оствари најмногу настапи во државниот дрес (122) и е прв стрелец на репрезентативната листа (38) Пандев, нема да биде присутен на трибините на „Олимпико“ во Рим каде в петок ќе имаат ново соочување Италија и Македонија во рамките од претпоследното коло во групата од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.

Пандев пред италијанските медиуми кажа дека за него ова ќе биде специјален натпревар и не сакаше да дава прогнози за текот на истиот.

-Ќе го гледам натпреварот на телевизија, нема да одам во Рим. Тоа е специјален натпревар за мене, и не сакам да давам никакви прогнози, рече Пандев.

Запрашан за неговите планови во иднина Пандев откри дека нема намера да биде тренер.

-Во моментов менаџирам клуб во Македонија. Не мислам да станам тренер. Сакам само да уживам со моето семејство, нешто кое не го можев претходно. Можеби ќе учам да бидам директор, но се уште немам чисти идеи што ќе правам понатаму, кажа Пандев.

Треба да знаете
Последни објави