Search

МААЕ: Иран има доволно ураниум за три атомски бомби, доколку се збогати

Според дефиницијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Иран има доволно ураниум збогатен до 60 проценти чистота или блиску до степенот на оружје, што е доволно за три атомски бомби, според доверливите извештаи на МААЕ објавени денеска. Забележано е и дека Техеран сè уште ја опструира агенцијата кога станува збор за контрола над клучните прашања, објави Ројтерс.

Залихите на ураниум во Иран, збогатен до 60 отсто, се зголемија на 128,3 килограми или за 6,7 од последниот извештај на 4 септември. Тоа е три пати повеќе од околу 42 килограми што МААЕ ги дефинира како теоретски доволно за нуклеарна бомба доколку дополнително се збогати. За да може ураниумот да биде на ниво каде што е можно да се произведе бомба, треба да биде со околу 90 проценти чистота.

Треба да знаете
Последни објави