Search

Газа останува без интернет и без сигнал

Двете главни телекомуникациски компании во Газа, „Палтел“ и „Џавал“, предупредија на „целосен прекин на телекомуникациите во следните часови“ во Појасот Газа.

„Главните трафостаници и прекинувачи во Појасот Газа постепено се гасат поради недостиг на гориво“, пренесува „Ројтерс“ во заедничкото соопштение на компаниите.

ОН соопштија дека нивните камиони со помош не може да испорачаат резерви поради недостиг на гориво од вторникот наутро.

Горивото е потребно и за болниците, пекарниците, генераторите на електрична енергија и за пумпните станици во Газа, но Израел со недели ги блокира испораките тврдејќи дека Хамас може да ги украде, наведува Би-би-си.

Треба да знаете
Последни објави