Search

Возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“ доби затвор од две години, таткото на момчето најави жалба

Судот го прогласи Шукри Зеќири за виновен и му одреди затворска казна од две години и три месеци, за сообраќајната несреќа на булеварот „Никола Карев“ во делот познат како „Пластичарска улица“ во Скопје , каде на 12 октомври од здобиените повреди животот го загуби 10-годишно момче.

Зеќири возел со недозволена брзина од 76 километри на час кога удрил во детето, кој пак како пешак истрчал на улицата каде неамло пешачки премин. Иако Зеќири избегал од местото на несреќата и не пружил помош, олеснителна околност му е што ја признава вината. За ова кривично дело предвидена е затворска казна од 1 до 5 години.

По ваквата пресуда таткото на загинатото дете Себастијан Сановски порача дека очекувал обвинетиот да добие казна затвор од 10 години, па најави дека ќе ја обжали денешната пресуда.

Треба да знаете
Последни објави