Search

Белизе ги прекина дипломатските односи со Израел

Белизе денеска објави дека ги прекинува дипломатските односи со Израел поради неговата офанзива во Појасот Газа.

„Владата на Белизе ја повлекува акредитацијата на израелскиот амбасадор во Белмопан и ги суспендира сите активности на нејзиниот претставник во Израел“, соопштија тамошните власти, најавувајќи дека одлуката ќе стапи на сила „веднаш“.

Така, малата централноамериканска земја стана втората латиноамериканска земја што ги прекина врските со Израел, откако Боливија го стори тоа на 1 ноември. Колумбија, Чиле и Хондурас ги поканија своите амбасадори во Израел на консултации.

Белизе се противи на смртта на „невините цивили“ во Газа, каде според Министерството за здравство под контрола на Хамас, загинаа 11.300 луѓе, од кои 4.650 деца.

Треба да знаете
Последни објави