Search

Бела куќа: Бајден очекува продуктивна средба со Си

Американскиот претседател Џозеф Бајден очекува продуктивна средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, а советниците на двајцата лидери ќе ги одржат отворени линиите на комуникација по разговорите за време на самитот, објави Белата куќа.

„Сите очекуваме ова да биде продуктивна дискусија и се надеваме дека ќе биде претходник на многу поголема комуникација и дијалог меѓу нашите два тима во иднина“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби за новинарите пред средбата меѓу Бајден и Си во Сан Франциско.

Белата куќа соопшти дека за време на средбата со Си, Бајден ќе изрази загриженост за почитувањето на човековите права и Ујгурите. Си отпатува во Сан Франциско за да присуствува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) и да се сретне со Бајден. Тоа е прва посета на Си на Америка од 2017 година, кога американскиот претседател беше Доналд Трамп, и прва билатерална средба меѓу двајцата претседатели за една година.

Треба да знаете
Последни објави