Search

УНРВА и Светската здравствена организација се повлекоа од Појасот Газа

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) и Светската здравствена организација (СЗО) се повлекоа од Појасот Газа, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа.

„УНРВА и СЗО повеќе не обезбедуваат услуги во Појасот Газа. Агенциите на ОН му се поклонија на Израел и го напуштија Појасот Газа“, се вели во соопштението.

УНРВА соопшти дека „без гориво, хуманитарната операција во Газа се ближи кон крајот“. „Многу луѓе ќе страдаат и веројатно ќе умрат. Неверојатно е хуманитарните организации да молат за гориво“, се вели во соопштението. Се додава дека горивото се користи како оружје од почетокот на војната и дека мора веднаш да се прекине со тоа.

Треба да знаете
Последни објави