Search

Работнички му посака добредојде на Седлоски

Македонскиот фудбалски прволигаш Работники му поска добредојде во своите редови на тренерот Гоце Седлоски. Она што изминативе денови „24инфо“ го најави како готова работа денеска двете страни го потврдија со потпишување на договор за соработка.

Работнички денеска имаше слободен ден, а на утрешниот тренинг пред играчите ќе се појави новиот тренер Седлоски со кого ќе продолжат сезонава да атакуваат кон врвот во мак-фудбалот.

„Романтичарите“ сезоната ја почнаа под водство на Милан Илиевски кој доби отказ поради слабите резултати, времено тимот го предводеше Горан Станиќ под чија палка Работнички врза две првенствени победи и ја врати самодовербата.

Треба да знаете
Последни објави