Search

Почина Субрата Рој – несудениот инвеститор кој од Охрид ќе правеше Монте Карло

Индискиот магнат и контроверзен бизнисмен, Субрата Рој, основачот на Сахара Индија Паривар, почина денеска на 75-годишна возраст, соопшти „Сахара груп“.

Во соопштението се наведува дека тој починал од срцев удар, а бил болен од рак, имал висок притисок и се борел со дијабетес.

Рој во нашата држава стана познат откако поранешниот премиер Никола Груевски го донесе во Македонија најавувајќи го како голем инвеститор.

Рој во Македонија отвори претставништво на Сахара Груп, неговиот син Сушанто Рој доби и македонски пасош, но од ветените инвестиции во луксузни хотели и ресорти со марини во Охрид и 20.000 крави во агрокомбинатот Џумајлија, Светиниколско, не се реализира ништо.

Недолго по македонската авантура Рој во Индија беше гонет и осуден за измама.

Треба да знаете
Последни објави