Search

Кузмановски се врати во Битола

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, се врати во редовите на Пелистер. Македонскиот првак и претставник во Лигата на шампионите ја потврди веста само неколку часа откако германскиот Вецлар соопшти дека спогодбено ја раскинале соработката.

-Ни претставува особена чест и задоволство да ја информираме јавноста дека од денес нов член на Пелистер е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Процесот на обединување на македонските репрезентативци и квалитетни странски засилувања продолжува и враќањето на нашиот поранешен член е одлука која оди во тој правец. Филип Кузмановски наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб и неговото деби се очекува деновите во Суперлигата и Лигата на шампионите. Официјалното претставување на Кузмановски како нов ракометар на Пелистер е закажано за понеделник 20 ноември, соопштија од клубот.

Ова ќе биде враќање за 27-годишниот бек во родната Битола. Како играч на Работник замина во скопски Металург, по што набрзо почна интеранционална кариера во Магдебург. По една сезона, ги смени клупските бои и замина во Хановер, каде што остана до ланската полусезона. Во јануари дојде во Вецлар, во чиј стручен штаб е Филип Миркуловски, а сега отвора старо-ново поглавје со клубот во кој ги направи првите ракометни чекори.

Треба да знаете
Последни објави