Search

Канадски двојка доби најголемо бебе во последните 13 години, син тежок над 6,5 килограми

Кон крајот на октомври, една канадска двојка доби бебе кое тежеше речиси двојно повеќе од просечно новороденче.

На 23 октомври, Бритни Ајрес го роди своето петто дете, машко бебе по име Сони со царски рез, пренесува „Добро утро Америка“. Сони пристигна со тежина од над 6,5 килограми и должина од околу 55 сантиметри.

Сони – кој им се придружува на неговите тројца постари браќа, Ченс Џуниор (6), Еверет (5), Лаки (3) и постарата сестра Мариголд (1) – не беше аномалија за семејството Ајрес.

Бритни објасни на Добро утро Америка: „Еверет е роден со 5,8 килограми. А Лаки, е роден со 5,6 килограми“.

Семејниот лекар, д-р Аса Ахимбисибве, акушер и гинеколог во Меморијалната болница во Кембриџ, изјави дека Сони е најголемото бебе родено во болницата од 2010 година.

Ахимбисибве претходно ја породи Бритни со Еверет, Лаки и Мариголд и очекуваше големо бебе. Тој сподели со Fox News Digital: „Знаевме дека и ова бебе ќе биде големо, но не очекувавме дека ќе биде толку големо“.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, просечната големина на машко бебе при раѓање е помеѓу 3,2 килограми и 3,5 килограми, а бебињата кои се раѓаат „поголеми“ обично тежат околу 4 килограми.

Гинисовата книга на рекорди го наведува најтешкото новороденче кое дошло на свет со околу 10 килограми во 1879 година, но истото починало 11 часа по раѓањето.

Сони пристигна една недела пред неговиот првичен термин на породување, 31 октомври и оттогаш му се придружи на семејството во нивниот дом во Кембриџ. Бритни потврди дека и нејзината бременост и раѓањето на Сони споминале без никакви компликации.

Треба да знаете
Последни објави