Search

И Белингам нема да дојде со Англија во Скопје

Џуд Белингам од редовите на шпанскиот Реал Мадрид и Леви Колвил од премиерлигашот Челзи поради повреди нема да му бидат на располагање на англискиот фудбалски селектор Герет Саутгејт за последните квалификациските натпревари од групата за ЕП 2024 против Малта и со Македонија в понеделник во Скопје.

Вкупно пет репрезентативци на Англија до сега го откажаа настапот за доемвриските мечеви. Претходно тоа го направија и Џејмс Медисон, Калум Вилсон и Луис Данк кои ќе бидат заменети од Кол Палмер, Езри Конса и Рико Луис.

Од лични причини напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд и играчот од средниот ред на Манчестер сити, Калвин Филипс, ќе бидат со тимот подоцна оваа недела. Саутгејт нема да повика нови фудбалери за дуелите со Малта (17 ноември) и Македонија (20 ноември).

Репрезентацијата на Англија веќе обезбеди настап на завршниот турнир од Европското првенство кој следното лето ќе се одржи во Германија, па овие два меча ќе и бидат за престиж и потврда на првото место во групата „Ц“ за да биде еден од првите носители во жрепката за групите на континенталниот собир.

Треба да знаете
Последни објави