Search

АТС – единствена македонска фирма што со свои производи учествува на Саемот за безбедност во Париз

АТС Груп е единствената македонска компанија која со свои производи се претставува на Меѓународниот саем за безбедност што се одржува во Париз, Франција.

АТС во Македонија функционира со три фабрики, една во Самоков, Македонски Брод и две во главниот град, Скопје и вработува околу 500 луѓе.

Во нивниот асортиман се балистичка и тактичка опрема како и муницја, производи кои се извезуваат и во САД и во други земји членки на НАТО.

Директорот на АСТ, Шефшет Демировски во изјава за ТВ21 истакна дека е задоволен од учеството на познатиот саем и најавува и следни големи инвестиции.

„Нашата фабрика како што знаете се наоѓа во Македонски Брод во Самоков. Една од последните фабрики изградена во Македонија. Од 2019 година фабриката кога ја презедовме не беше во состојба да работи. Сега имаме 350 вработени само во таа фабрика и моментално произведува муниција повеќе отколку за времето на Југосалвија. Со новите инвестиции кои ги правиме само во 2022 и 2023, а ќе продолжат и во 2024 имаме инвестиција околу 47 милиони нова инвестиција и ќе има 550 вработени и ќе произведуваме околу 250 милиони мала муниција годишно, со тоа ќе биде најголема фабрика во регионот“ изјави Демировски.

Треба да знаете
Последни објави