Search

Ѓоковиќ по рекорден осми пат ќе ја заврши сезоната како светски рекет број еден

Новак Ѓоковиќ го победи Холгер Руне во првото коло од групната фаза на Завршниот АТП турнир со 2:1, по сетови 7:6 (4), 6:7 (1) и  6:3.

По оваа победа, 36-годишниот Србин си го загарантира првото место на АТП ранг-листата по крајот на сезоната.

Годината Србинот ќе ја заврши како бр.1 по осми пат. Ѓоковиќ ќе го подобри сопствениот рекорд во оваа статистика.

На првиот меч на Завршниот турнир што се игра во Торино, Јаник Синер го победи Стефанос Циципас со 2:0.

Денес ќе се играат натпреварите од 1.коло во Б-групата:
Карлос Алкараз – Александер Зверев
Данил Медведев – Андреј Рубљов. 

Треба да знаете
Последни објави