Search

Халанд во премиерлигашката конкуренција нема дадено гол само против Ливерпул и Брентфорд

Фудбалерот на актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити, Норвежанецот Ерлинг Халанд не успеал да им даде гол само на две екипи од 21 тим од Премиер лигата против кои играше.

На вчерашниот натпревар против Челзи (4:4), Норвежанецот беше двоен стрелец. Челзи е 19-от премиерлигашки тим против кој Халанд постигнал гол.

Од 21 клуб против кој играл Ерлинг во Премиер лигата, единствените против кои не постигнал гол се Ливерпул и Брентфорд.

Халанд има вкупно 49 голови во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави