Search

Османи: Ентони Блинкен доаѓа на конференцијата на ОБСЕ во Скопје, за Сергеј Лавров сè уште неизвесно

Речиси е извесно дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе присуствува на министерскиот совет на ОБСЕ, што ќе биде прва посета на шеф на американската дипломатија во Македонија по онаа на Колин Пауел во 2001 година.

Министерот за надворешни Бујар Османи во интервју за „360 Степени“ вели дека нема никакви индикации дека Блинкен нема да дојде на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.

Се очекува одлука за присуство на рускиот мнинистер за надворшени работи Сергеј Лавров, на состанокот на ОБСЕ во Скопје, кое тој писмено го побарал од Македонија како земја претседавач со организацијата.

Министерот за надворешни Бујар Османи се надева дека сите министри ќе бидат присутни во Скопје, но се уште ги чека одговорите за тоа, на кои членови на делегацијата од руската федерациија ќе им биде дозволено да дојдат во македонија, кои земјава ги процесуирала до централата, и земјите-членки на ОБСЕ.

Во меѓувреме, Советот за надворешни работи на Европската унија денеска на дневен ред ги имаше и кандидатурите на земјите-членки за претседавачи на ОБСЕ, откако поради блокадата од страна на русија, се уште не е избрана земја-претседавач за 2024 година.

Министерот за надворешни, Бујар Османи, информира дека се во постојан контакт со повеќето министри за надворешни работи, и дека во текот на неделава ќе се расчистат одредени дилеми за да може да се зборува за конкретно решение за иден претседавач.

Доколку таква одлука не биде донесена сега, крајниот рок е тоа да се реши на министерскиот состанок на обсе, кој ќе се одржи во скопје од 29 ноември до први декември, при што постои можност, на Макеоднија да и биде продолжено претседавањето доколку не се најде земја-кандидат за претседавач.

Треба да знаете
Последни објави