Search

Македонските фудбалери до 21 година ги почнаа подготовките за средбите со Грузија и со Австрија

Македонската репрезентација составена од фудбалери до 21 година овој месец ја очекуваат два натпревара, со Грузија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 и со Австрија – пријателски.

Предводени од селекторот Драги Канатларовски македонските млади фудбалери денеска официјално ќе ги започне подготовките за претстојните два меча.

Еден од нашите клучни играчи во средниот ред и член на Шкупи, Хамза Рамани, даде свое видување и коментар за претстојните мечеви.

– Никако не смее да си дозволиме да потцениме ниту една репрезентација. Ова се квалификации и нема лесен противник.На сите натпревари треба да пристапиме став и да дадеме се од себе. Мечот со Грузија од квалификациите за нас е од голема важност. Треба да бидеме максимално фокусирани и посветени во текот на сите деведесет минути, да оставиме срце на терен. Само така можеме да се надеваме на позитивен резултат. Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. Верувам дека само позитивните резултати може да ја кренат уште повеќе нашата мотивација и да освежат дополнително атмосферата во тимот, која е на високо ниво, изјави Рамани за сајтот на ФФМ.

На 16 ноември во Скопје ќе гостува Грузија во рамките на четвртото коло од евро-квалификациите, пет дена подоцна, Македонците ќе се соочат со Австрија на гостински терен во контролен натпревар.

Треба да знаете
Последни објави