Search

Во Скопје се пие добра вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 06.11.2023
до 10.11.2023 зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за
микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ
на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен
весник на РМ, бр.183/18).

Треба да знаете
Последни објави