Search

Салах го предводеше Ливерпул до убедлив триумф

Ливерпул го совладаа Брентфорд со 3:0 (1:0) на „Енфилд“ во 12. коло од англиската фудбалска Премиер лига и му се придружи на актуелниот шампион Манчестер сити на водечката позиција. „Граѓаните“ на гостувањето во Лондон кај Челзи го играат својот натпреавр од оваа рунда и моменталниот резултат е 1:1

Во денеска одиграните мечеви Брајтон не успеа да го совлада Шефилд јунајтед на свој терен, одигра 1:1, Астон Вила со 3:1 беше подобра од Фулам, а Вест Хем со 3:2 го совлада Нотингем форест.

Ливерпул во првото полувреме доминираше. Даривн Нуњез двапати ја затресе противничката мрежа но головите беа поништени, па Мохамед Салах на асистенција на Уругваецот погоди пред одморот за 1:0. Во 62. минута Мохамед Салах зголеми на 2:0, Со овој погодок Египќанецот стигна до 200 гола постигнати во англискиот фудбал (198 за Ливерпул и два за Челзи). Десет минути подоцна Диого Јота со прекрасен гол го постави конечниот резултат 3:0.

Треба да знаете
Последни објави