Search

Курти од парискиот Форум за мир замина на виенскиот Економски форум

Косовскиот премиер Албин Курти, по престојот во Париз, каде што учествуваше на Форумот за мир, денеска отпатува за Австрија, за да учествува на виенскиот Економски форум, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти Канцеларијата за односи со јавноста при Владата на Косово, за време на престојот во австриската престолнина, Курти ќе ја прими Годишната награда на Економскиот форум „Партнер на годината 2023“, која се доделува на Република Косово по повод 15 години соработка.

– Во главниот град на Австрија (премиерот) ќе учествува на 20. јубилејно издание на Виенскиот економски форум. Во оваа прилика ќе ја прими Годишната награда на Економскиот форум „Партнер на годината 2023“ која ќе ѝ биде доделена на Република Косово за 15-годишната соработка и придонес во економскиот развој на национално и регионално ниво, а ќе биде учесник на панелот со наслов „Градење економска соработка во тешки времиња“, се наведува во соопштението.

За време на дводневниот престој во Виена, Курти исто така ќе биде гостин на Институтот Карл-Ренер, каде што ќе се одржи дебата на тема „Косово: Новата демократска држава заложник на геополитичките интереси“.

Во вторник, како што соопшти владината служба за информирање, Курти ќе оствари средби со претставници на приватни компании од енергетскиот сектор, за да ги информира за можностите за инвестирање што ги нуди Косово на тоа поле. 

Треба да знаете
Последни објави