Search

ГО ГРАДАМ МОЈОТ ГРАД

Детскиот културен центар „Карпош“ и овој 13 Ноември традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град“ на која учесници се децата од предучилишните установи во Скопје. Манифестацијата која се одржува по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје оваа година ќе се организира во рамките на богатата културна понуда на градот како Европска престолнина на културата 2028.

Манифестацијата „Го градам мојот град“ има за цел да ги истакне детските творечки способности и детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и неговото значење. На овој ден, децата од скопските градинки од различни природни и други материјали по свој избор ќе прават објект – макета на некое значајно обележје на Скопје.

Манифестацијата ќе се одржи во просториите на ЈУ Детски културен центар „Карпош“, на 13 ноември, од 10 до 11 часот.

Треба да знаете
Последни објави