Search

Во Париз се одржа голем протест против антисемитизмот

 Десетици илјади луѓе излегоа денеска на улиците на Париз на протест под мотото „Граѓански марш против антисемитизмот“ поради зголемениот број антисемитски инциденти во Европа од избувнувањето на војната во Газа. 

Премиерката Елизабет Борн и лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, меѓу другите, присуствуваа на протестот.

Францускиот претседател Емануел Макрон не се приклучи на учесниците на протестот, но ја изрази својата поддршка и ги повика граѓаните да се спротивстават на „неподносливото оживување на неконтролираниот антисемитизам“. 

Треба да знаете
Последни објави