Search

Прекрасна победа на Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе

Во последниот саботен натпревар од 13. коло на шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид на својот Сантијаго Бернабе ја совлада Валенсија со 5-1.

Дани Карвахал веќе во 3. минута го постигна водечкиот гол за Реал. После тоа, Валенсија имаше неколку шанси за израмнување, но гостите не ги искористија. Казната дојде во 42. минута, кога Винисиус Жуниор го постигна првиот од неговите два гола.

Валенсија целосно се распадна за две минути од вториот дел. Најпрво во 49. минута Винисиус Жуниор со прецизен удар од 18 метри биеше во долниот десен агол за 3-0, а во 50. минута Родриго ја искористи несмасноста и големата грешка на гостинскиот голман Џорги Мамадаршвили, кој „ му асистираше за голот.

Родриго вторпат ја затресе мрежата во 84. минута и со тоа ја „зацементира“ позицијата играч на натпреварот, со оглед на двете асистенции за головите на Винисиус.

Валенсија успеа да дојде до утешен гол во 88. минута, а стрелец беше Уго Дуро.

Треба да знаете
Последни објави