Search

Маричиќ е избран за член на претседателството на ПЕС, Шеќеринска останува потпретседателка уште еден мандат


Македонските социјалдемократи континуирано градат прогресивна и одржлива Европа.
Конгресот денеска го избра новото раководство на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) меѓу кои останува Радмила Шекеринска, која е реизбрана за потпретседателка на ПЕС.


Свој придонес во заложбите и целите на Партијата на европските социјалисти за справување со предизвиците и создавање на нови можности за граѓаните ќе дава и секреторатот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, кој е избран за член на Претседателството на ПЕС.


Овој избор е од исклучителна важност за СДСМ и за Северна Македонија бидејќи преку активноста и учеството во Партијата на европски социјалисти имаме влијание врз економските, политичките и социјалните политики, со што повеќе им се приближуваме и поврзуваме со нашите европски партнери.

Треба да знаете
Последни објави