Search

Макрон го повика Израел да престане со бомбардирањето на Газа

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Израел да престане со бомбардирањето на Појасот Газа и да престане да убива цивили во палестинската територија.

Воздушните напади „немаат оправдување“, рече Макрон во интервју за Би-Би-Си објавено синоќа. Тој увери дека прекинот на огнот ќе биде од корист за Израел.

„Франција „јасно ги осудува … терористичките акти“ на „Хамас“ и го признава правото на Израел да се брани“, рече Макрон.

Во исто време, тој побара од Израел да го прекине бомбардирањето на Газа и изрази надеж дека лидерите на САД и Велика Британија ќе се приклучат кон неговиот повик.

Францускиот претседател го даде интервјуто за Би-Би-Си еден ден откако беше домаќин на меѓународна конференција во Париз за хуманитарна помош на палестинска територија.

Треба да знаете
Последни објави