Search

Граничниот премин Рафа утре ќе биде повторно отворен за евакуација на странски државјани од Газа

Граничната управа на Газа соопшти дека преминот Рафа на границата со Египет во недела повторно ќе биде отворен за оние кои поседуваат странски пасоши.

Евакуацијата од Појасот Газа во Египет за странски државјани и Палестинци на кои им е потребна итна медицинска помош беа прекинати во петокот, пишува Хаарец.

Изворите на весникот рекоа дека суспензијата е поради проблеми со носењето повредени од Газа во Рафа.

Треба да знаете
Последни објави