Search

Кумско – семејни врски во јавни набавки во Штип, таткото на кумашинката на градоначалникот Јорданов, добил тендер од ЈП Исар

На 22 март оваа година Јавното претпријатие Исар од Штип склучува Договор за набавка на стоки со штипската фирма АН-БЛА ДООЕЛ Штип.

Договорот се однесува на набавка на храна за вработените и е на износ од 1 257 900 денари со ДДВ, односно околу 20.000 евра.

Фирмата АН-БЛА ДООЕЛ Штип е во сопственост на Зоранчо Глигоров, а управител, односно директор е неговата сопруга Снежана Глигорова, која се има и потпишано на Договорот со ЈП Исар.

Како и во секоја мала, семејна фирма, очекувано е брачните сопружници заедно да го водат бизнисот, но во овој случај, случајно или не, зет за ќерка во семејството Глигорови е Методи Јорданов, кумашин на градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

Но Методи Јорданов, не е само кумашин на градоначалникот Јорданов, туку тој по смената на локалната власт, од 2021 година станува член на Управниот одбор на ЈП Исар од Штип.

Па така, во март оваа година, фирма чијшто сопственик е тест (дедо) на член на Управен одбор на Јавно претпријатие, добива договор за јавна набавка вреден 20.000 евра од истото Јавно претпријатие или поедноставено, таткото на кумашинката на градоначалникот Јорданов, од општинско јавно претпријатие добива вредна јавна набавка.

Градоначалникот Јорданов со своите кумашини

Инаку ЈП Исар е најголемото комунално претпријатие во Штип, кое располага и со деловен простор низ градот, а од оваа година значително поскапе дел од услугите кон граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави