Search

Илон Маск задоволен од изборот на режисерот на претстојниот филм за неговиот живот

Наскоро почнува снимање на филмот заснован на неодамнешната авторизирана биографија за Илон Маскна на Волтер Ајзаксон, а истиот ќе го режира и продуцира Дарен Аронофски.

Додека деталите за филмот се држат во тајност, 52-годишниот извршен директор на Спејс X и Тесла го сподели својот ентузијазам за проектот на неговата платформа за социјални медиуми, X (порано позната како Твитер ).

„Мило ми е што Дарен ќе го прави тоа. Тој е еден од најдобрите“, напиша Маск. Претходните филмови на Аронофски ги вклучуваат Black Swan, The Wrestler и Requiem for a Dream.

Во авторизираната биографија, објавена во септември, Илон Маск открива нови детали за детството на милијардерот претприемач, неговите односи со поранешните сопруги и девојки и неговите деца.

Според издавачот Simon & Schuster, Ајзаксон, кој претходно напиша биографија за починатиот ко-основач на Apple, Стив Џобс, поминал две години следејќи го и интервјуирајќи го самиот Маск, како и разговарајќи со неговото семејство, пријателите и колегите.

„Тој има многу обожаватели и многу непријатели, а мојата книга се обидува да раскаже јасна нарација“, рече Ајзаксон за Маск во септемврискиот разговор за „Тајмс Пикајун“ од Њу Орлеанс.

Освен неговите различни деловни и технолошки потфати, Маск е татко и на 11 деца.

Треба да знаете
Последни објави