Search

Португалскиот претседател најави предвремени избори во март

 Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса изјави дека Португалија ќе одржи предвремени парламентарни избори на 10 март, втори во последните години, по ненадејната оставка во вторникот на социјалистичкиот премиер Антонио Коста, кој беше вмешан во корупциски скандал, пренесоа светските агенции.

Сепак, тој додаде дека ќе го распушти Парламентот дури по конечното гласање за нацрт-буџетот за 2024 година, што треба да се одржи на 29 ноември.

Треба да знаете
Последни објави