Search

Лукаревска: Ние се боревме да ги раздвоиме од било какво влијание судската и извршната власт, нема веќе тефтерчиња и нарачки


„Дека има проблем во рамки на функционирањето на судството, дека има слабости во одредено функционирање и делување на владеење на правото тоа го знаеме и тоа го наследивме како состојба при доаѓањето на власт на СДСМ. Но тоа не значи дека тука треба да застанеме и да не продолжиме по патот кој што го имаме утврдено, а тоа е европскиот пат,“ посочи заменик претседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни работи Сања Лукаревска во емисијата Клик Плус на ТВ 21.
Во врска со измените во Кривичниот законик , Лукаревска рече дека нема било каква задна намера, ниту фаворизација на некој политичар кој што веќе не е во државата. Таа рече дека единствената интенција во измените на кривичниот законик е она што го револтира и секој граѓанин кога одреден процес трае со години и дозволувањето да застари делото.
„Ние се боревме да ги раздвоиме од било какво влијание судската и извршната власт. Нема повеќе тефтерчиња и нема веќе нарачки. Тоа се придобивките и предизвиците од она што значи функционирање на судството,“ рече Лукаревска.

Треба да знаете
Последни објави