Search

Скај њуз: Договорот на Италија со Албанија за мигрантите предвидува враќање на барателите на азил во Италија

Италијанскиот договор за мигрантите, објавен по средбата на премиерката Џорџија Мелони со албанскиот лидер Еди Рама, вели дека до 3.000 баратели на азил кои претходно биле спасени од италијански бродови, како што се крајбрежната стража или полицијата, ќе можат да бидат испраќани во Албанија секој месец.

Во најавата не беше дадено објаснување што ќе се случи со луѓето откако ќе се решат нивните барања за азил. Но, внатрешните документи до кои дојде Скај Њуз даваат одговар на тие прашања.

Тие јасно кажуваат дека заедничкиот договор го опфаќа само периодот во кој се обработуваат нивните апликации и краток период потоа. Ако мигрантот добие азил, тогаш лицето ќе биде однесено во Италија за да започне нов живот, објави Скај Њуз.

Италијанскиот договор, исто така, вели дека ако се покаже дека е невозможно да се испрати некој назад во нивната земја на потекло, тогаш тој сепак ќе биде вратен во Италија по одреден временски период, за кој се верува дека е 40 дена.

Италија ќе плати за изградбата на центрите за обработка, а исто така ќе издвои фонд од 100 милиони евра за покривање на сите трошоци што може да ги направи Албанија.

Договорено е вкупниот број на мигранти сместени во овие центри да не надминува 3.000.

Документот на договорот, исто така, јасно покажува дека има за цел да ја промовира „билатералната соработка во сите сектори“ во светлината на „пристапот на Република Албанија во Европската унија“.

Албанија е земја кандидат за членство во ЕУ, а првпат аплицираше во 2009 година.

Мелони, наводно, планира да отпатува во албанскиот главен град Тирана на пролет и сака првиот камп да биде отворен во мај 2024 година – непосредно пред европските избори.

Треба да знаете
Последни објави