Search

Синиот дијамант продаден на аукција за 44 милиони долари

Синиот дијамант „Blue Royal“ во облик на круша од 17,61 карати беше продаден за 43,8 милиони долари на аукција на „Кристи“.

Тоа е „најголемиот живописен син скапоцен камен“ некогаш понуден на продажба во историјата на аукциите, соопшти „Кристи“, пренесува Би-би-си.

Кралскиот син (Bleu Royal) дијамант е, инаку, најскапиот предмет во колекцијата за кој купувачите конкурирале на аукцијата на Женевското Езеро.

Светло сините дијаманти со повеќе од 10 карати се исклучително ретки. Овој живописен син скапоцен камен од 17,61 карати е меѓу најретките ископани досега. Поставен во прстен, тој беше дел од приватна колекција 50 години.

Од своето основање во 1766 година, аукциската куќа „Кристи“ продаде само три вакви дијаманти и тоа сите во последните 13 години.

„Булгари Блу“ во 2010 година доби нов сопственик за 14,7 милиони евра, „Винстон Блу“ во 2014 година беше продаден за 22,2 милиони евра, а во 2016 година „Опенхајмер Блу“ за 53,6 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави