Search

Началникот на ГШ на армијата на Јемен преживеа атентат

Началникот на Генералштабот на јеменската армија, генерал-полковник Сахир бин Азиз преживеа обид за атентат во провинцијата Мариб во североисточниот дел на земјата.

Автомобил-бомба експлодирал на пат по кој поминувал неговиот конвој, изјавил воен извор за „РИА Новости“.

– Автомобил-бомба вчера експлодираше на улица во градот Мариб во моментот кога минуваше конвојот на генерал-полковник Бин Азиз. Тројца негови придружници се повредени, а тој за чудо ја преживеа експлозијата, рекол изворот.

Тој додаде дека ова е наводно трет обид за атентат против началникот на Генералштабот.

Експлозијата се случи додека се возел по состанокот со членот на јеменскиот управен совет Султан ал-Арад, кој се одржа во градот Мариб, каде што се водат борби меѓу јеменската армија и силите на страната на Хутите кои ја презедоа власта на северот на земјата.

Во Јемен од 2014 година трае конфронтацијата меѓу Хутите и меѓународно признаената влада поддржана од арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија. 

Треба да знаете
Последни објави