Search

Кој е неопходен минерал за дијабетичарите?

Според студијата направена од истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина – Капел Хил и објавена во списанието Грижа за болните од дијабетес, конзумирањето на храна која е богата со магнезиум може значително да го намали ризикот од развивање на дијабетес мелитус тип 2.
„Зголемениот внес на магнезиум може да биде од исклучителна важност во подобрувањето на инсулинската сензитивност, редукција на системското воспаление и намалување на ризикот од дијабетес“ – велат истражувачите. Истражувачите го споредувале внесот на магнезиум и стапката на дијабетот кај 4,497 лица кои не боледувале од дијабет а биле на возраст од 18-30 години.
Дваесетина години подоцна, 330 од учесниците развиле дијабетес тип 2, а тоа е загрижувачка бројка. Ризикот од дијабет бил за 47% понизок помеѓу испитаниците кои практикувале поголемо количество на магнезиум во секојдневната исхрана, отколку кај оние кои не практикувале внес на храна богата со магнезиум. Како додаток на ова, нивото на инсулинската резистенција и клучните маркери на воспалението се намалиле како резултат на зголемениот внес на овој минерал. Највисокиот внес на магнезиум во студијата бил 200 милиграми на ден во содржина од 1000 калории. Најнискиот внес бил 100 милиграми на ден. Магнезиумот потекнувал и од изворна храна богата со овој елемент и од суплементите. Истражувачите напоменуваат дека е неопходно да се разберат хемиските механизми на базичниот ефект и да се осигураат тврдењата дека магнезиумот е нутритиент кој влијае во редукцијата на ризикот од дијабетес.
Магнезиумот е познат како регулатор на одредени глукозни ензимски процеси
Ова списание, исто така објавило студија каде гојазните жени кои конзумирале поголема количина на магнезиум биле за 22 проценти помалку ризични да развијат дијабетес тип 2 отколку гојазните жени кои конзумирале пониски нивоа. Добри извори на магнезиум се: легуминозните, зеленолистестите зеленчуци и оревите.

Магнезан Б6
Во случај на нервоза, раздразливост, блага анксиозност, нарушен сон и мускулни грчеви, ова е единственото решение. Ја подобрува функцијата на нервниот систем, срцето и мускулите. Го намалува стресот. Витаминот Б6 ја забрзува апсорпцијата на магнезиум за 40%.
Магнезиум е минерал кој му треба на секој орган во човечкото тело. Повеќе од 60% од вкупниот магнезиум во човечкото тело се наоѓа во коските и забите, 27% во мускулите и 6 – 7% во клетките. Има одличен ефект врз релаксација на нервните клетки, а со тоа и на спиењето, раздразливост и анксиозност.
Витамин Б6 е витамин заснован на вода, кој лесно се апсорбира во организмот. Тој е еден од најпотребните витамини во човечкото тело. Го смирува и нормализира нервниот систем. Магнезиумот го лечи појавувањето на болни грчеви и витамин Б6 помага подобро да ја апсорбира во мускулите, ја намалува болката и ослободува тензија во зглобовите.

Треба да знаете
Последни објави