Search

Бајден побара од Нетанјаху привремен прекин на операциите во Газа

Американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху привремена пауза во воените операции на Израел во Појасот Газа, соопшти Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа кажа дека американскиот претседател и израелскиот премиер во понеделникот разговарале за „тактички паузи“ во израелската офанзива врз Газа поради хуманитарни причини и можното ослободување на заложниците.

Би-Би-Си наведува дека САД и многу други западни земји ја поддржуваат позицијата на Израел дека прекинот на огнот воено ќе им помогне на палестинските милитанти Хамас. 

Треба да знаете
Последни објави