Search

Трговскиот дефицит на САД во септември се искачи на 61,5 милијарди долари

Трговскиот дефицит на САД се зголеми на 61,5 милијарди долари во септември од 58,7 милијарди долари во август, објави денеска американското биро за економски анализи (БЕА).

Според веб-страницата на организацијата, дефицитот во трговијата со стоки се зголемил за 1,7 милијарди долари на 86,3 милијарди долари месечно, додека суфицитот во трговијата со услуги е намален за 1,2 милијарди долари на 24,8 милијарди долари во истиот период.

Вредноста на увозот се зголеми за 2,7 отсто на 322,7 милијарди долари во месецот, поттикната од увозот на автомобили, сурова нафта, мобилни телефони и производи за домаќинство.

Извозот од САД порасна во октомври побавно, за 2,2 отсто на 261,1 милијарди долари, пред се поради извозот на нафтени деривати, сурова нафта, соја и пченка.

Треба да знаете
Последни објави