Search

Нетанјаху: Ќе разгледаме „мали, тактички паузи“ во борбите во Појасот Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел ќе разгледа „мали, тактички паузи“ во борбите во Појасот Газа, со цел да се олесни влезот на хуманитарна помош или да се дозволи транспорт на заложниците ослободени од екстремистите на Хамас.

Сепак, израелскиот лидер го повтори своето отфрлање на прекин на огнот без ослободување на сите заложници кои ги држат членовите на Хамас.

Во интервју за американската телевизија ABC News, Нетанјаху рече дека по војната Израел треба да има целосни безбедносни одговорности во Појасот Газа на неодредено време.

„Видовме што се случува кога ја немаме таа безбедносна одговорност“, изјави Нетанјаху за ABC News.

Израел и Хамас го отфрлаат зголемениот притисок од меѓународната заедница за воспоставување прекин на огнот. Израел бара Хамас прво да ги ослободи сите заложници, додека Хамас возвраќа дека нема да ги ослободи заложниците се додека Газа е под израелски напад.

Треба да знаете
Последни објави