Search

Македонец возел во спротивен правец на автопат во Србија

Полициски службеници на Управата за сообраќајна полиција, кои го контролираат сообраќајот со пресретнувачи, на автопатот Белград – Ниш, кај Гроцка, сопреле возило „фолксваген голф“ кое се движело по коловозната лента наменета за сообраќај на возила од спротивниот правец.

Возилото било управувано од четириесет и деветгодишен државјанин на Македонија. Никој не е повреден, а против возачот е поднесена прекршочна пријава, објавуваат српските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави