Search

Крузер се врати во Британија откако беа повредени околу 100 патници

Брод за крстарење се врати во Велика Британија откако околу 100 патници беа повредени, од кои пет потешко, кога беше зафатен од силно невреме во Бискaјскиот залив.

Бродот за крстарење Spirit of Discovery беше при крај на 14-дневното патување до Канарските Острови, кога во саботата беше погоден од бура со бранови кои достигнаа најмалку девет метри, објави Sky News.

Околу 100 од 1.000 патници се повредени, иако огромното мнозинство претрпе само полесни повреди и веднаш им беше укажана помош од медицинскиот персонал на бродот, посочија од операторот Сага Круис.

Се наведува дека поради силното невреме некои патници паднале на подот на бродот и дека врз нив се струполиле трпезариските маси.

Деталите за обештетувањето на патниците ќе бидат објавени во наредните денови, соопшти операторот, нагласувајќи дека безбедноста на бродот во ниту еден момент не е доведена во прашање.

Бродот се врати во Портсмут во понеделникот вечерта.

Треба да знаете
Последни објави