Search

Еве каде започна да се наплаќа зонско паркирање во Карпош

ЈП „Градски паркинг“- Скопје ги известува граѓаните дека е почнато воведување зонско паркирање на територија на општина Карпош.

Новата јавна површина за паркирање, зона Д42, се наоѓа кај МИДА (ул. „Орце Николов“). Зоната вклучува 79 паркинг места, од кои две се наменети за лица со попреченост.

-Станарите кои со своите адреси гравитираат на зоната, ќе ја користат услугата паркирање по цена од 0 ден, за две возила, а час паркирање чини 25 ден. Работното време на паркинг зоната е: од понеделник до  сабота, од 7:00 до 23:00 часот. Недела и државни празници се неработни т.е. нема се врши на наплата за услугата паркирање, соопшти претпријатието. 

Корисниците на зона Д42 ќе може да ги достават своите барања во новата канцеларија, почнувајќи од утре,  7 ноември 2023.

-Работното време на канцеларија Карпош, која се наоѓа на ул. „Дрезденска“, бр.15/3, е секој работен ден од 8:00- 22:00 часот и сабота од 9:00- 17:00 часот. Недела и државни празници се неработни, се наведува во соопштението. 

Треба да знаете
Последни објави