Search

Жена почина на концертот на Калиопи во Белград

Концертот на Калиопи во белградската сала МТС бил прекинат бидејќи на непозната жена и се слошило, а наводно набргу починала.

Имено, Калиопи морала да го заврши долго најавуваниот концерт бидејќи на една жена од публиката ненадејно и се слошило, а брзата помош пристигнала со молскавична брзина, објави српски Курир.

Присутните сведочеле дека сите морале веднаш да го напуштат просторот, а и покрај големите напори на итната помош да ја одржат во живот, жената починала.

Госпоѓата која на концертот пристигнала со другарките и ќерката, наводно наеднаш изгубила свест и колабирал.

Според медиумите, несреќната жена која имала околу 70 години била реанимирана, но безуспешно.

Треба да знаете
Последни објави