Search

САД со оценка дека реформата во албанското правосудство дава конкретни резултати

Во рамки на престојот во САД, првиот човек на албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), Алтин Думани, се сретнал со американскиот помошник државен секретар Џим О’Брајан и со заменикот помошник секретар за европски прашања, Јури Ким, која до неодамна беше амбасадор на САД во Тирана.

Помошник државниот секретар Џим О’Брајан во објава на платформата „Х“ пишува дека САД ги поддржуваат реформите во правосудството и ја повторува фразата дека „никој не е над законот“.

„Задоволен што се сретнав со првиот човек на СПАК, Алтин Думани. Импресивно е да се види реформата во правосудството која дава вистински резултати за албанскиот народ, покажувајќи со дела дека никој не е над законот. САД ќе продолжат силно да ги поддржуваат реформите во правосудството, кои се од суштинско значење за иднината на Албанија во ЕУ“, пишува тој.

Думани со повеќе обвинители се во повеќедневна работна посета на САД, каде се планирани средби со претставници на високи претставници на тамошното министерство за правда, правосудни органи, како и ФБИ.

Треба да знаете
Последни објави