Search

Кралицата на Божиќот е кралица и на новата колекција на Викторија Сикрет создадена за празниците

Благодарение на Викторија Сикрет, Мараја Кери има нов потфат пред празничната сезона. Пејачката е заштитно лице на нивната нова кампања во која „скокна“ во новите парчиња на брендот како корсети, дводелни комплети, неглиже и наметки.

„Беше забавно да се гледа новата колекција и нивната креативна визија како оживува – од сезонските бои до живиот гламур – дефинитивно го почувствував празничниот дух околу мене“, изјави Мараја за Вог за новата кампања на познатиот бренд за долна облека.

На промотивните фотографии за новата кампања „О, Дедо Мраз!“, пејачката блесна во парчиња кои се во светло црвена боја, што на многумина им е омилена нијанса за празничниот период.

Пејачката на 1 ноември го најави почетокот на празничната сезона со видео во кое е „одмрзната“, по што објавува дека е време и почнува да танцува на нејзиниот класик „All I Want For Christmas Is You“ – најпродаваната Божиќна песна на сите времиња. Минатата година песната го зазеде првото место на листата на најдобри празнични песни на Билборд.

Мараја уште во октомври се појави во новата празнична кампања за The Children’s Place заедно со нејзините 12-годишни близнаци. Зборувајќи за оваа нова соработка, таа за магазинот People откри дека нејзиното семејство ги поминува празниците „малку поинаку од повеќето луѓе“.

„Имаме свои традиции како тркалање по снег, скокање во топли кади… Правиме многу работи што другите луѓе не ги прават“, сподели добитничката на Греми.

„Фактот што поминуваме време заедно како семејство е доволен подарок за мене за Божиќ, а она што го сакам за моите деца е едноставно да бидат среќни, да уживаат да бидат со своето семејство и да се чувствуваат сакано“, додаде таа.

Треба да знаете
Последни објави