Search

Аргентинските навивачи се распослале на Копакабана

Повеќе од 100.000 аргентински навивачи пристигнале во Бразил и се распослале на популарната песочна плажа Копакабана. Во Рио де Жанеиро е вистински метеж, а властите на улица ја извадиле и војската. Причина е утрешното (21.ч.) големо фудбалско финале од 64. издание на Копа Либертадорес меѓу бразилски Флуминенсе и аргентинскиот Бока Јуниорс кое ќе се одигра на култната „Маракана“.

И покрај фактот дека навивачите на Бока имаат право на 20.000 влезници, јужноамериканските медиуми јавуваат дека во Бразил допоатувале неколкукратно повеќе љубители на фудбалот што предизвикува главоболки на локалните власти и полицијата кои стравуваат од навивачки судири и инциденти.

Дополнителен метеж во Рио ќе предизвикаат и концерти на американскиот бенд „Ред Хот Чили Пеперс“, бразилската популарна пејачка Роберта Карлос, како и студентските приемни испити.

Канцеларијата на градоначалникот на Рио де Женеиро изнесе проценка дека овие случувања заклучно со недела ќе привлечат во градот околу 400.000 посетители, од кои некои веќе резервирале 82 отсто од градските хотелски капацитети. 

Треба да знаете
Последни објави