Search

Телефонски разговор Герапетритис- Фидан

Министрите за надворешни работи на Грција и Турција, Јоргос Герапетритис и Хакан Фидан имале телефонски разговор, а според грчките и турските медиуми, се осврнале на ситуацијата на Блискиот Исток, јави дописничката на МИА од Атина. 

Дипломатски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА брифирале дека шефовите на двете дипломатии разговарале за подготовката на Советот за соработка на високо ниво што ќе се одржи на 7 декември во Солун и за случувањата на Блискиот Исток.

Според турските медиуми, Хакан ја истакнал важноста на итен прекин на огнот и обезбедување хуманитарна помош за Газа.

Треба да знаете
Последни објави