Search

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

 За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И покрај тоа, водостојот на Охридското Езеро е за три сантиметри понизок од просекот за ноември. Пониско од просечното и тоа за 1,93 метри е и нивото на Преспанското Езеро кое е на 21 сантиметар под апсолутно појавениот минимум  од 841,91 метри надморска висина. Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 1,66 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Пониски од просечните се и нивоата на повеќето реки во земјава и бележат благо зголемување или намалување на водостојот во споредба со вчера. Зголемување од по само еден сантиметар имаат реките Бабуна, Црна Река и Радика, а најголемо намалување од 18 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Велес по што следи Струмица кај Ново Село со намалување од седум сантиметри во однос на вчера.

Треба да знаете
Последни објави